В ПЕТОК СЕ ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА ВО АКВА ПАРКОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В петок стартува новата сезона во Аква паркот во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Оттаму велат дека Аква паркот повторно ќе нуди интересни содржини за сите возрасти, како десетте атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок.

„Новитет е и полудневната карта, која ќе можат да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави чиста, квалитетна и безбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава“, велат надлежните од Аква паркот.

Цената на влезницата е 300 денари, полудневната е 150 денари, за деца под 14 години е 200 денари, а бесплатен е влезот за деца до четири години.

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за прослави, родендени и момински и ергенски вечери.