ВЕЛЕШКАТА БИБЛИОТЕКА ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ НАГРАДИ НАЈРЕДОВНИТЕ ЧИТАТЕЛИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешката библиотека „Гоце Делчев“ ги врачи традиционалните признанија за најредовните читатели.

Признание за највозрасен читател доби Марија Питиќова, а за најмногу прочитани книги Ацо Давчевски. Во одделот за деца, најмлад читател е Петар Димов, а Искра Ивановска има најмногу прочитани книги од детското творештво.

Во подрачната библиотека во Градско, за најчитатели се прогласени Љубица Велинова (возрасни) и Марија Будимова (деца).

П. ПЕЧКОВ