Во Велес се одржа 25. ликовна работилница за децата со попреченост, во чест на 3 декември – Светскиот ден на лицата со попреченост. Дел од уметничките дела, меѓу кои и наградените од ликовната работилница на Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес, до утре ќе бидат поставени во фоајето на Велешкиот театар. Целта на работилницата е инклузија на лицата со попреченост.
„Ученици со попреченост и лица со атипичен развој од 31 училиште од неколку земји цртаа на керамика и заедно создаваа вредни уметнички дела со мотиви од нашето културно творештво“, соопштија од училиштето.
Годинава, работилницата прерасна во меѓународна, со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија.
П. ПЕЧКОВ