ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ОД ГОДИНАВА Е ОРГАНИЗАТОР НА ФЕСТИВАЛОТ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Советот на Општина Велес донесе одлука, со која го отстапува правото на реализирање на културната манифестација Фестивал на античка драма „Стоби“ , и отсега организатор на оваа манифестација ќе биде Велешкиот театар, т. е Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Според одлуката, Театарот е должен да донесе Правилник за начинот и постапката за реализирање на манифестацијата и да донесе Годишна програма според која таа ќе се реализира.

Финансиските средства предвидени за Фестивалот, Општина Велес ќе ги префрли на сметка на театарот, како организатор. Предвидено е Фестивалот да го реализира Организациски одбор составен од претседател и четири члена со мандат од две години.

Програмата и деталите ќе бидат објавени на крајот на месецов, а Фестивалот треба да се одржи во првата половина на август со учество на домашни и претстави од странство.

П. ПЕЧКОВ