ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ СКЕЈТА ВО ЧЕСТ НА МАТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонската скејтерска заедница вечерва ќе го одбележи Меѓународниот ден на скејтбордингот (Go Skateboarding Day) со настан посветен на еден од своите идоли и најистакнати членови, Филип Матески.

Мате, кој почина минатиот месец по тешко боледување, беше еден од пионерите и најголеми промотори на скејтбордингот во Македонија.

Skate for Mate“ ќе се одржи во Градски парк во Скопје со почеток во 19 часот. Плочникот пред споменикот на Гоце Делчев е едно од омилените збиралишта на скејтерите во главниот град, каде што често можеше да се сретне и Мате.