Завршија годинашните истражувања на јужниот бедем и јужната порта во археолошкиот локалитет Стоби. Стручните лица, предводени од Јован Радњански, открија новини на простор кој не е истражуван една деценија.
„Со годинашните истражувања речиси целосно е откриена јужната порта, која претставува втор досега откриен влез во градот. Портата била во функција од првиот до средината на шестиот век, по што била заѕидана од новоизградениот јужен бедем. Истражувањата на јужниот бедем и на јужната порта фрлија светло на простор од градот кој археолошки не е истражуван 10 години“, велат од Националната установа Стоби.
Археолошките истражувања беа спроведени од јуни до октомври годинава. Оваа активност беше финансиски поддржана од Министерството за култура.
П. ПЕЧКОВ