ВО МАКЕДОНИЈА САМО ЕДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ЗА ПРВПАТ ОД МАРТ 2020

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
An ambulance carrying patient infected with COVID-19, arrives to the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 19 October 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia has been on the rise in the past two weeks.The Macedonian government has implemented stricter measures to slow down the spread of the Covid-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan nation.

Во последните 24 часа, во Македонија е потврден само еден нов случај на коронавирус, бројка што не е забележана уште од првите денови на пандемијата во март минатата година.

  • Единствениот нов случај на коронавирус е регистриран во Куманово, при што биле направени 1.375 тестирања во изминатите 24 часа.
  • Во исто време починале уште три лица од ковид-19.
  • Бројот на активни случаи на зараза падна под 500 и сега изнесува 464.
  • Дојран, Пехчево, Демир Капија, Богданци и Пробиштип се градовите во кои веќе нема коронавирус, додека во Македонски Брод, Крушево, Валандово, Дебар, Крива Паланка и Ресен има само еден активен случај. Од поголемите градови, најдобра е ситуацијата во Велес, каде што има два активни случаи, следен од Штип со три.
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има 155.418 заразени и 5.458 починати.
  • Заклучно со 5 јуни, досега се дадени 384.466 вакцини, а 139.053 лица примиле по две дози.