Во Велес започна „Скулпторска колонија 2023“, на која учествуваат шест македонски автори: Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров, Филип Коруновски и Слободан Милошески.
„Колонијата прераснува во еден симпозиум. Како дел од содржините беше панел дискусијата ‘Велес отворена галерија’ на тема ‘Скулптурата во јавниот простор’. Дискутиравме што е јавна скулптура и какви се нејзините цели. Учесниците на колонијата во продолжението ќе работат дома, во своите ателјеа, каде што најприродно се чувствуваат. Претходно ги разгледавме можните локации во градот каде што би се поставиле скулптурите“, кажа Ангел Коруновски.
Авторите треба да ги изработат нивните дела до февруари. Организатор на колонијата е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“.
П. ПЕЧКОВ