ВРАТИТЕ НА НАТО СЕ ОТВОРЕНИ ЗА МАКЕДОНИЈА, КАЖА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ

Брисел, (СМАРТ СДК.МК)

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Брисел, изјави дека Македонија за две недели треба да добие покана за почнување преговори за влез во Алијансата.

Тој кажа дека вратите на НАТО се отворени за Македонија, но за полноправно членство, ќе мора во целост да се спроведе договорот со Грција.

  • На заедничката прес-конференција на Столтенберг и Заев во Брисел, беше најавено дека Македонија наредниот месец ќе добие покана за почнување преговори со НАТО.
  • Тоа треба да биде потврдено на следниот Самит на НАТО, закажан за 11/12 јули.
  • Главен услов за полноправно членство на Македонија во НАТО е целосно спроведување на договорот со Грција, со кој треба да се реши спорот за името.
  • Македонија со тоа би станала 30. членка на НАТО.
  • „Без финализирање на договорот со Грција, Македонија нема да може да влезе во НАТО. Ако ја одбиете оваа можност, прашање е кога повторно Македонија ќе биде олку блиску до членството“, кажа генералниот секретар Столтенберг.
  • „Овој момент го чекаме уште од 2008 година, кога беше констатирано дека Македонија ги исполнува сите критериуми и стандарди на Алијансата за полноправно членство“, изјави Заев.