ВТОРО КИНО СИНЕПЛЕКС ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Киногрупацијата Синеплекс ќе отворо второ кино во Скопје, во трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Станува збор за инвестиција од 5 милиони евра, ќе зафаќа површина од приближно 3.000 квадратни метри и ќе има повеќе од 1.000 места во осум сали.

Првото кино Синеплекс во Скопје беше отворено во 2012 година во „Сити мол“.

Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година.

„Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012 година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино – тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава“, вели Лукас Лангхамер, член на Управниот одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата Синеплекс.