Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека на сила е најдолгиот полициски час досега.
- Министерството за здравство соопшти дека од последиците на коронавирусот починале пациент од Куманово и од Прилеп.
- Потврдени се и 49 нови случаи на зараза, повторно најмногу во Куманово (14) и Скопје (13), па следуваат Прилеп со осум, Штип и Велес со по шест и Гостивар и Кочани со по еден.
- За месец и половина од првиот регистриран случај на коронавирус, во земјата има 760 заразени, 34 починати и 41 заздравен. Притоа се направени 7.653 тестирања.
- На светско ниво досега има над 1,7 милиони заразени, од кои над 106.000 починале.
- Од денеска, САД е земја со најмногу заразени (508.000) и починати (19.800) од КОВИД-19.