ЗАЕДНИЧКО СТЕНДАП ШОУ НА ТИНО И АТАНАС ВО СКОПЈЕ НА 2 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ќе одржат заедничко стендап шоу наречено „(Нат)просечен Македонец“ на 2 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

„Ова ќе биде првиот голем стендап одржан во голема сала во Македонија“, велат од „Авалон“, организаторот на настанот.

Гостин ќе биде комичарот Стефан Николовски. Влезниците ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk.

Атанасовски и Костадиновски се познати како дуото Тино и Атанас. И двајцата се актери во Театар Комедија. Во моментов се на турнеја низ Германија со стендап шоуто „Шпрехензи дојч“, која почна на 20 септември во Хамбург, а ќе заврши на 13 октомври во Минхен.

Фото: К. Попов