Актерот Васил Зафирчев вечерва во Белград ќе го изведе неговиот буто перформанс „Дневникот на хулиганот“ во рамките на третиот Меѓународен фестивал на солото, кој обединува кореографија, перформанс и фотографија. Зафирчев ќе настапи на сцената на Студентскиот културен центар.
Веднаш потоа, Народниот театар „Јордан Х. К. Џинот“ ќе се претстави со танцовата театарска претстава „Петтото годишно време“, во која настапува Олга Панго. И двете претстави се работени по истоимените книги на Сашо Димоски.
На Фестивалот нa солото во Белград настапуваат уметници и од Хрватска, Австрија, Србија, Унгарија и Франција.
Зафирчев со „Дневникот на хулиганот“ има настапено и во Благоевград, Бугарија.
П. ПЕЧКОВ