Од денеска до недела, во паркот во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи фестивалот „Звуци на културата“. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, в недела ќе се прикаже филмот „Исцелител“. Ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.
„Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно ќе собираме храна и облека, која ќе биде доделена на социјално загрозените граѓани во Општината. В сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
„Звуците на културата“ денеска ќе бидат отворен со концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе, а во наредните денови ќе настапат и „Летечки пекинезери“, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, „Токсиколози“, Бени и Нон стоп, „Куку леле“, Тони Зен, „Ласт експедишн“, „Мугер фугер“, мјузиклот „Коштана“ и „ПМГ колектив“.