БАРСЕЛОНА ЌЕ ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖИТЕ, А ДОГОДИНА И ВО ПАРКОВИТЕ

Барселона, (Гардијан)

Барселона ќе забрани пушење на дел од своите најпопуларни плажи, во рамките на политиката за чист воздух.

„Забраната се надоврзува на потезите за ограничување на градскиот сообраќај, што е во насока на обезбедување здрав град без чад, што го вклучува и чадот од цигарите“, изјави портпаролката на градскиот совет Хема Тарафа.

Од 29 мај до 12 септември, пушењето ќе биде забрането на четири плажи, но прекршителите во прв момент нема да се казнуваат. Ако шемата се покаже успешна, забраната следната година ќе се прошири и на преостанатите шест плажи, но и на парковите и автобуските станици.

Се проценува дека во Шпанија има 10 милиони пушачи, но забраната за пушење во затворено, воведена во 2012 година, доби голема поддршка и од угостителите и од гостите.