БИЗАРНИОТ ТРЕНД ВАГИНАТА ДА СЕ ЧИСТИ СО КРАСТАВИЦА ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД ИНФЕКЦИЈА СО ГОНОРЕА И ХИВ

Лондон, (Дејли Мејл)

Лекарите ги предупредуваат жените да не подлегнуваат на бизарен и опасен тренд, според кој краставица се користи за интимна нега на вагината, а кој во моментот се шири преку интернет. Овој тренд, според лекарите е чудна лудост, бидејќи препорачува вметнување на излупената крставица во интимните делови, која треба да стои внтаре околу 20 минути и подолго. Блогерите тврдат дека високата содржина на витамини ја прави кожата помека, а на гениталиите им дава пријатен мирис, па дури дека може да ги намали и шансите за добивање сексуално преносливи инфекции.

Наспроти овие тврдења, лекарите предупредуваат дека оваа практика всушност може да ги стави жените во поголем ризик од инфекции како што се гонореја и ХИВ.
Канадскиот гинеколог д-р Џен Гинтер вели дека миењето со краставица го нарушува природниот баланс на гениталиите. Според неа со оваа практика ќе се предизвика лош мирис на вагината и предупредува: „Ако имате вагината, тогаш дефинитивно не треба да го направите тоа”.

Според неа, дека е потребно некакво чистење на вагината, без оглед дали со излупена краставица, или разни препарати кои се продаваат во аптеките, е мизогинија облечена како здравствена заштита.
„Вагината не е валкана. Студија по студија по студија ни кажува дека купките, чистење со пареа, оцет, со разни пХ балансирачки производи, алое, колоидно сребро, лук или што било што друго, во најдобар случај не прават ништо, но имаат вистински потенцијал да им наштетат на добрите бактерии или да ја нарушат на мукозната површина. Со оштетување на лактобацилите и слузницата, обидите за чистење на вагината го зголемуваат ризикот жената да добие гонореја или ХИВ, ако е изложена“, вели д-р Гинтер.

Таа предупредува дека сите видови на габи, како и други бубачки кои може да ги има во зеленчукот, може да завршат во вагината, ако се користат за миење.
„Веројатно е мудро да не се става објект со непознати растителни микроорганизми во вагината. И со малку миење во кујнскиот мијалник нема да ја стерелизирате краставицата“, вели д-р Гинтер.
Таа нагласува дека жените треба да се уверат дека купките се непотребни, бидејќи вагината е така дизајнирана самата да се прочистува.

Лекарите советуваат дека при миење треба да се употребува само вода и благ сапун, но надвор од гениталниот предел. Жените кои користат купки се под два пати поголем ризик да развијат рак на јајници, вели националното истражување во САД од 2016 година направено од Националниот институт за здравствени науки на животната средина.

И претходните истражувања исто така покажаа дека жените кои користат гелови за туширање и сапуни во интимни области се изложуваат на поголем ризик од развој на сексуално преносливи инфекции.
Истражувачите на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, велат дека сапуните и маслата можат да ги оштетат чувствителните ткива и да ја зголемат шансата на жената да се зарази со херпес, хламидија и ХИВ.