НЕ ЈА ЈАДЕТЕ ПЛАЦЕНТАТА, ТОА Е КАНИБАЛИЗАМ, ПРЕДУПРЕДУВААТ ГИНЕКОЛОЗИ

Лондон,(Мирор)

Сè поголем е бројот на жени кои ја јадат плацентата по породувањето. Но, за гинеколозите ваквиот тренд се граничи со канибализам и може да доведе до инфекции.

Трендот кој се нарекува планцетофагија стана популарен откако се појавија тврдења дека со јадењето на постелката која содржи високо ниво на хранливи материи и хормони, мајките имаат повеќе млеко и подобро расположение.

Ким Кардашијан и жената на англискиот фудбалер Вејн Руни, Колин Руни, направија апчиња од плацентата по породувањето. Кардашијан на својот Инстаграм профил објави слика од апчињата кои биле направени од постелката.

Апчињата од плацентата Кардашиан ги објави на својот Инстаграм профил

Извештајот објавен во Американски весник за акушерство и гинекологија покажува дека се поголем е бројот на жени во САД и Велика Британија кои после породувањето бараат да си ја земат плацентата дома.

Според гинекологот Алекс Фар од медицинскиот факултет во Виена, јадењето на постелката го зголемува ризикот од инфекции. Тој тврди дека оваа таканаречена суперхрана не доведува родилките да имаат повеќе млеко, ниту пак ја спречуваат постпородилната депресија.

„Медицински гледано, плацентата е отпаден производ. Јадењето на плацентата се граничи со канибализам. Мајките сметаат дека таа содржи хранливи материи како што се железо, цинк и селен, но треба да знаат дека во неа има токсини и тешки метали кои се апсорбирале во текот на бременоста“, смета доктор Фар.

Во САД досега е регистрирано дека една жена добила труење на крвта од апчињата од плацентата кои ги пиела. По ова Министерството за здравство, ги предупреди мајките да не ги употребуваат ваквиот тип апчиња.