ПАРИСКИ БАР ГО ОДБЕЛЕЖУВА 100. РОДЕНДЕН НА КОКТЕЛОТ „БЛАДИ МЕРИ“

Париз, (АП)

„Хари‘с Њујорк бар“ во Париз го слави 100. роденден на „Блади Мери“, еден од најпознатите коктели на светот, за кој се верува дека бил измислен во овој легендарен бар, отворен во 1911.

Едновековниот јубилеј се одбележува со низа настани во барот оваа недела, но само за оние кои ќе покажат ковид пропусница. Посетителите доаѓаат од цел свет, а меѓу редовните гости во минатото биле писателите Ернест Хемингвеј и Ф. Скот Фицџералд,

Франц-Артур Мекилван, праправнук на основачот на барот Хари Мекилван, вели дека има разни легенди за името на коктелот, но ниедна не е официјално потврдена. Затоа е познато дека рецептот го измислил барменот Фернанд Петио и првпат бил објавен во книгата „Азбуката на коктели на Хари“ во 1921 година.

Покрај главните состојки вотка и сок од домати, во „Блади Мери“ се додаваат и сол, бибер, табаско, вустершир сос и сок од лимон.