ПО НАРОДНИОТ ОБИЧАЈ ЧЕТРСЕ, ГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ЗАШТИТА ПОД УНЕСКО ИМА И ПАСТРМАЛИЈАТА, ВЕЛАТ ПРОФЕСОРИ ОД ШТИП

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

На светската листа на заштитени нематеријални наследства на УНЕСКО може да се најде и штипската пастрмалија, исто како што се најде и народниот обичај за Денот на пролетта во Штип, Четрсе кога народот се искачува на тврдината Исар и со свои народни адети го одбележува овој ден и денот на 40. свети маченици, рече на научна конференција за туризам во Штип, професорот Зоранчо Малинов.

„Јас успеав на мојот роден град да му донесам голема титула од светската организација Унеско за народниот обичај Четрсе. Сега останува Штип, кој има универзитет, факултет за туризам, за бизнис логистика, останува сето тоа да се ефектуира и на економски и на нематеријален план. Штип со овој бренд е единствен во светот, па дури и на Балканот кој својот брендиран специјалитет, па останува само на барање на Штип како нематеријално културно наследство да биде заштитено на национално ниво, а потоа и во светски рамки“, рече Малинов.

„За богатото археолошко, културно и туристичко наследство, државата подготвува национална стратегија за наредните десет години, а во тоа имаме големи шанси затоа што малите држави имаат аргумент, а тоа е севкупно богатата култура“ рече Љубен Тевдовски професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Т. ЈОВАНОВСКИ