Во средното училиште „Гроен ван Принстерерлицеум“ во близина на Ротердам, во кое пред една деценија беа воведени часови по среќа, учат едни од најмалку проблематичните тинјеџери во светот.
Според Холандскиот институт за социјални истражувања, Холандија е на врвот од земјите од Организацијата за економска соработка и развој , каде е забележан висок степен на задоволство од животот кај младите луѓе.
Тоа е сосема спротивно на сликата во земјите како Велика Британија, каде што депресијата и вознемиреноста се зголемуваат меѓу тинејџерите, и во САД, каде што се зголемува бројката на млади луѓе кои си ги одземаат своите животи.
Па зошто оваа рамна, влажна земја од 17 милиони луѓе им дава толку оптимистички изглед на младите луѓе ?
„Мислам дека холандските деца имаат генерално позитивни интеракции во сите нивни социјални околности”, вели д-р Симоне де Рос од Институтот.
„Тие живеат во средина која им дава поддршка, дома, на училиште, од пријателите. Холандските родители пружаат голема поддршка и имаат блага контрола. Има клима на еднаквост, наставниците не се авторитарни, но ги прифаќаат чувствата на учениците, а учениците им веруваат на наставниците“, вели Де Рос.
Последната студија за здравствено однесување во училишните деца , споредувајќи деца од 11, 13 и 15 години, покажала среќна холандска младина.
Според тој извештај, Холандија, исто така беше меѓу првите пет земји во која тинејџерите редовно појадуваат во работните денови, гледааат повеќе од два часа неделно телевизија, како и во најдолната листа во категориите за прекумерна тежина и за тоа дека немааат секс пред 15 години.
Се разбира, општата состојба на државата помага. Во Холандија има мала невработеност, релативно ниска нееднаквост и здрава економија.
„На холандски, нема фраза што значи буквално ‘добро момче’ или ‘добра девојка’“, вели 14-годишниот Тјалинг Апелхоф од Амстердам.
„Велите ‘браво, момче ‘или ‘добро направено’ или ‘благодарам’ ” вели тој.
И покрај репутацијата на земјата за користење на марихуана, Институтот Тримбос пријавува тренд на намалување на употребата на алкохол, дрога и на пушење кај холандските деца на возраст од 12 до 16 години.
„Децата се слободни да го прават она што го сакаат, а со тоа што сакаат, развиваат идеја за она што навистина им се допаѓа и за социјалните вештини“ , вели директорот на Светската база на податоци за среќа, професорот Рут Виенховен.