20 ГОДИНИ ПОМИНАА КАКО ВО СОН – АКТЕРИТЕ ОД „СОПРАНОВИ“ ПРОСЛАВИЈА ЈУБИЛЕЈ

Њујорк, (Скај)

Една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња „Сопранови“ деновиве прослави 20 години од првото емитување. Дел од екипата се собра на годишнината и во знак на сеќавање на главната ѕвезда Џејмс Гандолфини, кој ненадејно почина во 2013 на 51 година.

Гандолфини го играше шефот на мафијата во Њу Џерси, Тони Сопрано, а гледачите ги следеа балансирањата на неговите активности со семејството и мафијата низ посетите на психијатарката Џенифер Мелфи, која ја играше Лорејн Брако.

Роберт Ajлер, Мајкл Гандолфини и Џејми-Лин Сиглер

Еди Фалко, Џејми-Лин Сиглер и Роберт Ајлер беа меѓу гостите кои се собраа во театарот СВА во Њујорк, заедно со синот на Гандолфини, Мајкл.

Мајкл Империоли и Тони Сирико на свеченото одбележување на јубилејот

„Малку е чудно. Прво, затоа што поминаа 20 години. Не дека не мислам често на ‘Сопранови’, но кога се присетувам, имам чувство како сѐ да беше сон. Имам навистина интимна врска со тој период од мојот живот. Денес кога сме сите тука, сфаќам дека сите имаме таков однос и наеднаш оживуваат чувствата. Навистина не е праведно што Џим не е со нас“, изјави Фалко, која ја играше сопругата на Тони Сопрано, Кармела.

Џејмс Гандолфини, креаторот на серијата Дејвид Чејс и Фалко во 2007 година

„Сопранови“ се емитуваше осум години, до 2007 години, освои 21 Еми награда и пет златни глобуси.