800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ДВА МЕСЕЦИ ЗАРАБОТУВА ФЕСТИВАЛОТ НА СНЕГ И МРАЗ ВО ХАРБИН ВО КИНА

Кина, (Дејли Паспорт)

Харбин, главниот град на најсеверната кинеска провинција, Хеилонгџијанг, е домаќин на Меѓународниот фестивал на скулптури од мраз и снег од 1985.

Милиони посетители доаѓаат секоја зима да се восхитуваат на ледениот и снежен свет на фестивалот, оставајќи повеќе од 800 милиони долари приход, на температури кои достигнуваат и до -40 степени.

Ова е најголем фестивал на скулптури од мраз и снег во светот. Се отвора секоја година околу Божиќ и  благодарение на екстремно студената клима во градот продолжува до средината на февруари, во зависност од временските услови. Постојат копии на светски познати објекти како „Колосеумот“ и „Големата Сфинга“ осветлени во живописни бои. Фестивалот се одржуав на 8 милиони квадратни метри, а гостите се восхитуваат гледајќи палати, мостови и други ледени чуда. Потребни се илјадници работници за да ги подготват. 

Фото: Шатерсток

 Харбин, град со речиси 6 милиони жители, првично одржа фестивал на ледени фенери во 1963, кој 20 години подоцна се претвори во првиот модерен фестивал на скулптури од мраз и снег. Од далеку изгледа како ледена верзија на „Дизниленд“. Дел од градот е признат од Гинисовата книга на рекорди како најголем затворен тематски парк од мраз и снег.