БЕТМЕН СЛАВИ 80 ГОДИНИ – ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ ВО 1.000. БРОЈ НА „ДЕТЕКТИВ КОМИКС“

Лос Анџелес, (Вашингтон пост)

Еден од најпознатите суперхерои Бетмен годинава слави 80 години.

Создаден од Боб Кејн и Бил Фингер, Бетмен, алтер егото на милијардерот Брус Вејн, се појави пролетта 1939 година, а дебито го имаше на насловната страница на 27. број на „Детектив комикс“, анимирана серија во издание на „Ди-Си комикс“. Бетмен набрзо стана популарен суперхерој колку и Супермен, по што креаторите набрзо го вклучија и Џери Робинсон.

„Ди-Си комикс“ најави дека некои од најдобрите уметници на денешнината ќе се соберат за 1.000. број на „Детектив комикс“, кој ќе излезе во март. Најавена е и ексклузиваната книга „80 години Бетмен“ со некои од најпродаваните стрипови.

Од излегувањето на „Бетмен“ на Тим Бартон во 1989 година, оваа филмска франшиза заработи речиси пет милијарди долари на светско ниво.