БИВШАТА СОПРУГА НА ЏЕФ БЕЗОС ДОНИРАЛА 4,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мекензи Скот, бившата сопруга на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, во изминатите четири месеци донирала 4,2 милијарди долари за банки за храна и фондови за итни случаи. Скот вели дека сака да им помогне на Американците кои страдаат поради пандемијата.

Скот е најбогатата жена и вкупно 18. најбогата личност на светот откако нејзиното богатство се зголемило за 23,6 милијарди долари оваа година и сега изнесува 60,7 милијарди.

„Оваа пандемија ги уништува животите на Американците кои веќе страдаа. Економските и здравствените последици се уште полоши за жени, луѓе од други раси и оние кои живеат во сиромаштија. За тоа време, значително се зголемува богатството на милијардерите“, напиша Скот во блог.

Таа вели дека донираните пари ќе бидат распределени меѓу 380 хуманитарни организации.

Скот во јули донираше 1,7 милијарди долари, со што нејзините вкупни донации оваа година достигнаа до речиси шест милијарди.