БРЕД ПИТ ТРГНА НАПРЕД ПО РАЗВОДОТ ОД ЏОЛИ, СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „Ф1“

САД, (Пипл)

Бред Пит тргна напред по финализирањето на разводот од Анџелина Џоли по осумгодишна правна битка.

„Бред Пит е среќен што разводот е зад него“, изјави извор за „Пипл“, кој додава дека актерот е среќен со дизајнерката на накит Инес де Рамон, со која е во врска од крајот на 2022.
Пит е исто така фокусиран на својата кариера и се подготвува за премиерата на филмот „Ф1“ на 27 јуни. Филмот во режија на Џозеф Косински се снимаше во соработка со Ф1 тимови и возачи. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон е копродуцент. Пит (60) глуми поранешен возач кој се враќа во Формула 1.

Актерот од 2022 е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон (Фото: Гети)Џоли поднесе барање за развод од Пит на 19 септември 2016. Иако нивната разделба е официјална, тие сѐ уште водат жестока битка за француската винарија „Шато Миравал“, која порано ја поседуваа заедно. Пит првпат ја тужеше Џоли во 2022 за продажба на нејзиниот удел во бизнисот.

Пит и Џоли имаат шест деца: Медокс Чиван (23), Пакс Тиен (21), Захара Марли (20), Шајло Нувел (18), и близнаците Нокс Леон и Вивиен Маршелин, (16).