ДЕТСКАТА 3-Д БАЈКА „АВАНТУРИТЕ НА ПИНОКИО“ ВО РЕЖИЈА НА ПРОЈКОВСКИ НА 15 МАРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 15 март, во Националната опера и балет ќе се одржи детската претстава „Авантурите на Пинокио“. Продукцијата „Прагма“, која е организатор на претставата, ја најавува како 3-Д бајка. Ќе има две претстави, од 12 и од 14 часот. Режисер и драматург е Дејан Пројковски.

Оваа 3-Д бајка ќе ве одведе во свет каде што лагите имаат долги носеви, но љубовта и храброста го покажуваат патот кон вистината“, велат организаторите.

Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.