Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон синоќа го одигра 1.100. натпревар како професионален фудбалер. Тој го чуваше голот на Јувентус во победата над Интер од 2:1 на првиот полуфинален меч од Купот на Италија, што му беше 679. настап во дресот на „старата дама“.
„1.100 пати, а како да е првпат. Сега, уште еднаш, до крај!“, напиша Буфон на Твитер, пет дена откако наполни 43 години.
Освен Јувентус, каде што со една сезона пауза игра од 2001 година, Буфон одигра и 220 средби за Парма, 176 за репрезентацијата на Италија и 25 за Пари Сен-Жермен. Од професионалното деби во Парма во 1995 година, тој освои 26 клупски титули, од кои 10 во Серија А и беше светски шампион со Италија во 2006.
„1.100! Легендата продолжува и продолжува“, објави Јувентус,