ЏОРЏ КЛУНИ СТАНА НАЈПЛАТЕН АКТЕР ВО ИСТОРИЈА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТЕКИЛА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Џорџ Клуни стана актер со најголема заработувачка во историја, што делумно се должи и на продажбата на неговата компанија за текила.

Педесет и седумгодишниот двократен оскаровец има заработено 239 милиони долари во изминатиот 12-месечен период, со што се најде на второто место на годишната листа на најбогати славни личности, што ја објави „Форбс“. Пред него е само сега веќе пензионираниот боксер Флојд Мејведер.

Како актер, Клуни нема снимено филм од 2016 година, додека лани излезе неговото шесто режисерско дело „Субурбикон“, па неговиот огромен приход дојде од продажбата на компанијата „Касамигос“, што „Дијагео“ ја купи за една милијарда долари. Клуни ја основа оваа компанија во 2013 година со своите пријатели Ренди Гербер и Мајк Мелдмен.

Топ-10 листата на „Форбс“

  • Флојд Мејведер – 285 милиони долари
  • Џорџ Клуни – 239
  • Кајли Џенер – 166,5
  • Џуди Шиндлин – 147
  • Двејн Џонсон – 124
  • „Ју-Ту“ – 118
  • „Колдплеј“ – 115,5
  • Лео Меси – 111
  • Ед Ширан – 110
  • Кристијано Роналдо – 108