ЕД ШИРАН ЦЕЛОСНО ГО ПРЕРАБОТИЛ НОВИОТ АЛБУМ ОТКАКО ДОЗНАЛ ДЕКА НЕГОВАТА СОПРУГА ИМА ТУМОР

Лондон, (Би-Би-Си)

Ед Ширан откри дека минатата година паднал во депресија откако на неговата сопруга Чери ѝ бил дијагностициран тумор во бременоста, а неговиот близок пријател и соработник Џамал Едвардс ненадејно починал на 31 година. Поради овие настани, тој решил целосно да го преработи планираниот нов албум, чие излегување е најавено во почетокот на мај.

Чери не можеше да прима терапија за туморот до породувањето. Уништувачкото влијание на овие настани ги променија мојот живот, моето ментално здравје и начинот на кој гледам на музиката. Отфрлив стотици песни напишани за новиот албум и во една недела полна со емоции, целосно го преработив“, изјави Ширан.

Насловен со математички симбол како и претходните четири соло албуми, „-“ ќе содржи 14 акустични песни, преку кои, како што кажа, ги изразува своите тага и надеж.

Ширан и Чери Сиборн го добија второто дете минатиот мај и тој не даде детали за нејзината сегашна здравствена состојба.

(Фото: Гети)