Актерите Ема Стоун и Џастин Теро се најновата славна двојка во Холивуд, пренесуваат светските медиуми. Папараците ги уловија заедно на плажа во Јужна Франција.

Откако се разведе од Џенифер Анистон во февруари годинава, Теро го поврзуваа со повеќе славни личности, како Селена Гомез, Обри Плаза и Петра Колинс.
Шпекулациите дека се заедно со оскаровката Стоун почнаа откако беа забележани во хотел во Сен Пол де Ванс, а потоа се појавија заедно на шоуто „Луј Витон 2019“.
Претходно, како што пренесуваат таблоидите, Стоун и Теро заедно си заминале од забавата по Мет гала.
Теро и Стоун заедно играат во новата серија на Нетфликс, комедијата „Манијак“, која ќе излезе годинава.