ЕМА ТОМПСОН ЌЕ РЕЖИРА МЈУЗИКЛ СПОРЕД ФИЛМОТ „ДАДИЛКАТА МЕКФИ“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Двојната оскаровка Ема Томпсон ќе го режира театарскиот мјузикл базиран на филмот „Дадилката Мекфи“ (2005 година), во кој ја играше главната улога.

Но британската ѕвезда нема да игра во сценската адаптација. Таа го пишува текстот за театарската верзија, со музика на шкотскиот пејач и текстописец Гери Кларк.

Томпсон го напиша сценариото на филмот, во продукција на „Јуниверзал“, кој е за дадилка која користи магија за да воспитува седум непослушни деца. Потоа заедно со Кристијана Бренд го напишаа сценариото и за продолжението „Дадилката Мекфи се враќа“.

Премиерата се очекува во лондонскиот театар „Вест енд“, за една година.