ФАНОВИТЕ НА ТОМ ХАРДИ МОЖАТ ДА МУ ГО СЛУШААТ СРЦЕТО

Лондон, (Ројтерс)

Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ им нуди можност на обожавателите на актерот Том Харди да се доближат до својот идол.

Музејот постави восочна фигура на ѕвездата на филмовите „Почеток“ и „Повратник“, во која има вградено машина која пулсира како срце.

Фигурата го претставува Харди седнат на кауч, со едната рака потпрена одзади, за да им овозможи на фановите да се приближат доволно блиску, за да го почувствуваат или да го слушнат биењето на срцето.

Музејот, кој има претставништва низ целиот свет, им овозможува на посетителите да ги допираат репликите од восок на познатите личности, што понекогаш доведува до прекумерна блискост.

Музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк во 2014 година мораше да ја отстрани фигурата на канадскиот поп-пејач Џастин Бибер поради тоа што беа преплавени од обожаватели.