ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА ВО ВЕЛЕС

Велес, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Со претставата „Перикле“ на текст од Вилијам Шекспир во режија на Никита Миливојевиќ, а во изведба на театарот од Шабац, Србија, започна 16. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“, во Велес. Во наредните денови ќе бидат прикажани уште пет престави во натпреварувачка конкуренција и две во придружната програма.

Фестивалот завршува на 21 септември со доделувањето на наградите „Афродита“ за најдобра машка, женска улога ,за режија и Гран при за претстава во целина. Жирито е во состав Кети Борисовска (актерка), Деан Дамјановски (режисер) и Ивана Јарчевска (театролог).

Публиката може да види театри од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија. Поради реконструкција на античкиот театарот во локалитетот „Стоби“, уште оваа година Фестивалот се одржува на затворено, во велешки театар.