„ЧОВЕКОТ КОЈ ПРЕМНОГУ ЗНАЕШЕ“ И „СОЦИЈАЛНА ДИЛЕМА“ ЗА КРАЈ НА ИСТРАЖУВАЧКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денес завршува четвртото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, кое годинава се одржува онлајн. Филмовите од фестивалската селекција, бесплатно и со македонски превод, се достапни преку платформата Синесквер.

Покрај денешните разговори, на ИФФС се одржува и светската премиера на неговото најново остварување, „Човекот кој премногу знаеше“, документарец за Колин Волис, поранешен виш службеник за информации во Министерството за одбрана на Велика Британија. Филмот нуди поглед на двојните аршини во разузнавачкиот свет низ очите на човек кој бил во центарот на таа приказна.

Филмовите кои бесплатно може да се погледнат со македонски превод се: „Коронација“ на кинескиот уметник Ај Вејвеј, кој е снимен „од дистанца“, користејќи материјали од жителите на Вухан; документарната истрага „Криминал од солидарност“; „Амазонија: Будењето на Флорестанија“ за еколошките проблеми и конзумеризмот; „Солидарност“ за неверојатните „црни листи“ за работниците во Велика Британија; „Моја драга самопослуго“ и „Запознајте ги цензорите“. „Социјалната дилема“, актуелниот документарец од „Нетфликс“, кој со македонски превод ќе се прикажува за затворање на фестивалот, ќе биде достапен единствено вечерва во 20 часот.

Четвртото издание на ИФФС го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје и поддршка од канцеларијата на УНХЦР – Скопје.