ДЕТСКИ ИГРАНИ И АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ ДО 18 ЈАНУАРИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кинотеката денеска почна со стандардната програма за јануари, „Кино утро“, составена од детски играни и анимирани филмови.

Во програмата за најмладата публика, до 18 јануари ќе се прикажат десет играни и анимирани филмови од понова продукција, главно, европски: од Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција и Јапонија.

Утре напладне ќе биде прикажан романскиот анимиран филм „Улица на надежта“, а во наредните денови: „Центарот на мојот свет“, „По стапките на мојот татко“, „Господинот Мол и фабриката за чоколадо“, „Помош, ги смалив родителите“, „Мираи“, „Хакер“, „Двојна неволја и магичното огледало“ и „Момчето фантом“.

Билетот чини 100 денари.