Режисерот Питер Џексон го објави трејлерот за неговиот нов документарец за „Битлс“. Творецот на „Господар на прстените“ го режираше „Beatles: Get Back“, кој содржи снимки од времето кога бендот работел на својот последен студиски албум „Let It Be“ во 1970. Премиерата е најавена за 27 август 2021.
„Материјалите за документарецот се 56-часовни снимки што претходно не биле објавени. Филмот требаше да биде готов досега, но се одолжи поради ситуацијата со коронавирусот. Сега монтираме во Нов Зеланд, каде, за среќа, ситуацијата е под контрола”, вели режисерот.
Џексон во филмот се обидува да ги оспори тврдењата дека албумот е правен во време кога членовите на бендот веќе не биле во добри односи. Со цел да ги прикаже врската помеѓу членовите и нивното другарство, тој исекол некои снимки на кои се гледа нетрпеливост. Филмот е направен во соработка со Пол Макартни, Ринго Стар и вдовиците на Џон Ленон и Џорџ Харисон.
„Имаше денови кога со часови седевме, се смеевме и свиревме, нешто сосема спротивно од она што е прикажано во филмот ‘Let It Be’. Имаше многу радост и мислам дека Питер ќе го долови и прикаже тоа“, изјави Стар.