ФИЛМОТ ЗА „ЊУ ОРДЕР“ ГО ОТВОРА 6. ФЕСТИВАЛ НА МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРЦИ СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филмовите за „Њу ордер“ и Антон Корбејн го отвораат шестото издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што оваа година ќе се одржува во два дела во дворот на Кинотеката. Во првиот блок на 19/20 септември ќе бидат прикажани четири филма, а потоа уште шест на 2 и 3 октомври.

Легендарниот британски бенд „Њу ордер“ оваа година е „Артист во фокус“ и добитник на Наградата за животно дело, која му е испратена во Манчестер. Приказната за групата е раскажана во филмот „Декади“ на Мајк Кристи, што ќе се прикаже од 19 часот.

Од 21 часот е филмот „Изнесено на виделина“, посветен на култниот музички фотограф и режисер Антон Корбејн.

Утре на програмата се два џезерски филма: „Го викав Морган“ за покојниот американски трубач Ли Морган и „Портрет“ за гитаристот Бил Фрисел.