„ФОКС“ ИСЕЧЕ СЦЕНА ОД „ПРЕДАТОР“ ОТКАКО ДОЗНА ДЕКА АКТЕРОТ СТРИГЕЛ ЗАВЕДУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА

Торонто, (АП)

На неколку часа пред премиерата на „Предатор“ на филмскиот фестивал во Торонто (7-17 септември), „20 сенчри фокс“ соопшти дека исекле една сцена со актерот Стивен Вајлдер Стригел, откако дознале дека е регистрирaн за сексуален прекршок.

Во 2010 година, Стригел беше обвинет дека преку интернет се обидел да наведе 14-годишно девојче на сексуална врска. Тој отслужи шест месеци затвор.

Портпаролот на „Фокс“ рече дека самостојната сцена со Стригел била извадена, откако дознале за неговото минато, а за кое не знаеле поради правните ограничувања да се проверуваат историите на актерите.

„Нашето студио не беше запознато со минатото на Стригел кога беше ангажиран. Кога ги дознавме деталите пред неколку недели, сцената беше извадена во рок од 24 часа“, рече портпаролот.

Режисерот на четвртиот филм од научно-фантастичната франшиза, Шејн Блек, е долгододишен пријател на Стригел и често го ангажира во неговите филмови.