„Господарка на злото 2“ со Анџелина Џоли во насловната улога од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Станува збор за продолжение на хитот од 2014, кој заработи 750 милиони долари низ светот. Во филмот во режија на Јоахим Ренинг играат и Мишел Фајфер и Ел Фанинг.
„Во оваа авантура на ‘Дизни’, господарката на злото и принцезата Аурора почнуваат да ги преиспитуваат своите сложени односи, додека претстојните настани ги водат во различни правци. Еден од нив е венчавката на Аурора и принцот Филип“, се вели во најавата на филмот.
Предвидувањата се дека „Господарка на злото 2“ ќе заработи 45 милиони долари во првиот викенд во Северна Америка и ќе го симне „Џокер“ од врвот.