КИНО УТРО ВО КИНОТЕКАТА ПОЧНУВА НА 9 ЈАНУАРИ СО „ЗОКИ ПОКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филмскиот караван на Кинотеката, Кино утро, ќе почне на 9 јануари со играни и анимирани филмови за најмладата публика.

„Обмислено и намерно, па и по традиција, Кинотеката во јануари ќе им ја подари филмската програма на најмладите. На оние за кои, мора да се признае, не е лесно да се направи разбирлив, гледлив филм кој ќе биде запаметен“, велат од Кинотеката.

До 18 јануари, од 12 часот, ќе се прикажува „Зоки Поки“, телевизискиот серијал од 10 епизоди, адаптација на лектирата од писателката Оливера Николова. Од 13 часот ќе има проекции на „Биби и Боби“, „Нинџа желки“ или на анимиран детски филм.

Влезот чини 100 денари.