Со проекцијата на филмот „Коса“, денеска во Кинотеката ќе почне ретроспективата на режисерот Милош Форман.
Форман (1932-2018) е добитник на два оскара и на педесетина други награди на филмските фестивали ширум светот, а со своето творештво обединил два филмски света – источноевропскиот и холивудскиот.
Студирал сценарио на прочуената филмска школа ФАМУ. Со своите рани дела е протагонист на чешкиот „нов бран“, во кои мајсторски ги спојува документарното и играното.
Чешките документаристи Јакуб Хејна и Хелена Трештикова во 2019 го промовираа документарецот „Форман против Форман“, со кој ќе заврши ретроспективата во Кинотеката.