КРАЈОТ НА „ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА“ МЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ, ВЕЛИ КЛЕР ФОЈ ЗА УЛОГАТА НА ЛИЗБЕТ САЛАНДЕР

Рим, (Ројтерс)
ROME, ITALY - OCTOBER 24: Claire Foy (R) and Sylvia Hoeks walk the red carpet ahead of the "The Girl In The Spider's Web" screening during the 13th Rome Film Fest at Auditorium Parco Della Musica on October 24, 2018 in Rome, Italy. (Photo by Franco Origlia/Getty Images)

Актерката Клер Фој, најпозната како британската кралица Елизабета Втора во серијата „Круна“, смета дека публиката „ќе мора да ги менува брзините“ додека ја гледа во улогата на Лизбет Саландер, во нејзиниот нов филм „Девојката во пајакова мрежа“.

Клер Фој во креација на Ели Сааб на премиерата во Рим (Фото: Гети)

Лизбет Саландер е главниот лик во книжевната трилогија на шведскиот писател Стиг Ларсон, „Милениум“ и потоа доби поинаква верзија во „Девојката во пајакова мрежа“, која беше објавена по неговата смрт.

„Едвај чекам да ги видам реакциите на луѓето. Кога првпат ја прочитав книгата и кога првпат го погледнав филмот, останав без здив од крајот“, изјави 34-годишната глумица по премиерата на Римскиот филмски фестивал.

Во првите неколку рецензии по премиерата, критичарите ја фалат глумата на Фој, но ја критикуваат „нотата на Џејмс Бонд што ја има филмот“.

„Девојката во пајакова мрежа“ во Скопје ќе игра од 8 ноември.