Холивудската актерка Лајза Минели реагираше на шпекулациите дека учествува во работата на биографскиот филм „Џуди“ за нејзината мајка Џуди Гарланд, кој се снима во Лондон, со Рене Зелвегер во насловната улога.
Минели, ќерка на легендарната актерка Гарланд и на режисерот Винсент Минели, преку Фејсбук го осуди проектот, опишувајќи ги гласините дека ѝ помага на Зелвегер како „100 отсто фикција“.
„Никогаш не сум се сретнала, ниту разговарала со Рене Зелвегер. Не знам како овие приказни започнуваат, но не го одобрувам, ниту го казнувам претстојниот филм за Џуди Гарланд на кој било начин”, напиша Минели.
Филмот „Џуди“, продуциран од Би-Би-Си, ги следи распродадените концерти на Гарланд во Лондон во 1968 година, и покрај нејзините исцрпеност и влошено здравје. Таа почина од предозирање со лекови во јуни 1969 година во Лондон, на 47 години, неколку месеци по завршувањето на турнејата.
Премиерата се најавува за крајот на годината.