„СОЛИСТИ НА ФМУ“, КОНЦЕРТ НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ НА 22 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 22 април од 20 часот во камерната сала на Филхармонијата, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност-Скопје „Солисти на ФМУ“, на кој ќе диригира маестро Сашо Татарчевски.

Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр.3 BWV 1054 од Бах.

Програмата на концертот опфаќа дела од Персел, Јомели, Бетовен, Скрјабин, Сибелиус и Прокофјев, претставувајќи разновиден музички репертоар од барокот до 20 век.

„Концертот е со бесплатен влез и претставува можност за пошироката јавност да ужива во висококвалитетни изведби на млади и перспективни музичари“, велат од ФМУ.

 

Фото: Маестро Сашо Татарчевски со студентите од ФМУ на проба за концертот