Режисерката Марија Апчевска деновиве во Скопје го снима краткиот игран филм „Северниот пол“ по нејзино сценарио, а во продукција на „Кино Око“, вели Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, а костимите се на Билјана Гргур.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ. Снимањето се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица.