Филмот „Марија“ за оперската дива Марија Калас, во режија на Пабло Лараин од 27 февруари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Насловната улога ја игра оскаровката Анџелина Џоли. Филмот се снимаше во 2023 на локации во Будимпешта.
„Марија“ е базиран на вистински настани и се најавува дека „ја оживува бурната, прекрасна и тажна приказна“ за животот на една од најпознатите светски оперски пејачи, за време на нејзините последни денови од животот во 1970-те во Париз.
Чилеанскиот режисер претходно ги сними „Џеки“ за Жаклина Кенеди и „Спенсер“ за принцезата Дијана.
Премиерата на „Марија“ беше во август 2024 на Венецискиот филмски фестивал.
(Фото: „Нетфликс“)