Повеќе од 200 филмови можат да се гледаат бесплатно преку онлајн видеотеката Cinesquare, соопшти дистрибутерската куќа „Катавеј“ во рамките на нејзиното приклучување кон кампањата #СедиДома.
„Во време кога вратите на кината остануваат затворени и се препорачува сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници на 13 територии“, велат од „Катавеј“.
За пристапот е потребна само регистрација на cinesquare.net или на Андроид апликацијата достапна на Google Play. Повеќе информации за колекцијата на „Катавеј“ има на линкот https://cinesquare.net/#/collection/122/stayhome.
„Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови, меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код“, додаваат оттаму.