НАЈДОБРОТО И НАЈЛОШОТО ОД ЅВЕЗДИТЕ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

Лос Анџелес, (АФП)

Златните глобуси се најчесто најзабавна гала свеченост во холивудската сезона на награди, пред сè, затоа што е единствената каде што се служи алкохол.

На елитата ѝ е дозволено да се опушти со чаша шампањ – или седум – и да размислуваат за достигнувањата на годината.

Пред вечерашната свеченост, ова се неколку незаборавни моменти од изминатите години, кога адреналинот, атмосферата и отворениот бар го изнесоа најдоброто и најлошото од ѕвездите.

По објавувањето на номинациите, Ренер ја замоли Лопез да го отвори ковертот, но таа му рече: „Налакирани ми се ноктите“, а тој ѝ одговори: „Па, имаш и топки“
  • Џереми Ренер предизвика бура од реакции со својата шега на сметка на Џенифер Лопез во 2015 година. Тие ја презентираа наградата за најдобар актер во минисерија или телевизиски филм. По објавувањето на номинациите, тој ја замоли пејачката и глумица да го отвори ковертот, а таа му рече: „Налакирани ми се ноктите“, а тој ѝ одговори: „Па, имаш и топки“, поттикнувајќи бран реакции дека сексуално ја вознемирувал.
Џек Николсон се пошегува со носот на Никол Кидман, а подоцна призна дека валиумот е виновен за тоа
  • Џек Николсон во 2003 година го прими Глобусот за најдобар актер во филмот „Господинот Шмит“, а подоцна призна дека пред да почне шоуто, се напил валиум.
  • Кому му требаат обувки за да се додели награда? Секако не на Ема Томпсон, која во 2014 година се појави на сцената со пијалок во раката и ги собу нејзините „лубутен“ чевли, за да го претстави добитникот за најдобро сценарио.
    Двојната оскаровка почна кампања против суровоста на високи потпетици. „Јас само сакам да знаете, оваа црвена боја, тоа е мојата крв”, рече таа, покажувајќи на црвените потпетици, заштитниот знак на „Лубутен“.
„Јас сум сингл. Да, јас сум. Јас сум сингл”. – Џоди Фостер во 2013 година
  • Не е лошо однесување, но говорот на актерката и режисерка Џоди Фостер во 2013 година останува еден од главните моменти во историјата на Глобусите.
    Примајќи ја наградата за животно дело, таа звучеше како, конечно, дека ќе одговори на шпекулациите за нејзината сексуалност.
    „Имам желба да кажам нешто што никогаш не сум можела гласно да го кажам. Јасно и гласно, така? Значи, ќе ми треба вашата поддршка за ова“, зеде здив и рече: „Јас сум сингл. Да, јас сум. Јас сум сингл”, рече таа низ смеа и доби огромен аплауз.