„НЕТФЛИКС“ ГО ПОБЕДИ СПИЛБЕРГ И ПОВТОРНО ЌЕ КОНКУРИРА ЗА ОСКАРИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Филмовите на „Нетфликс“ и в година ќе можат да конкурираат за оскари, и покрај противењето на Стивен Спилберг и други филмаџии. Прославениот режисер смета дека филмовите на стриминг сервисот треба да се натпреваруваат само за телевизиските награди Еми, не и за престижните Оскари.

Советот на гувернери на Академијата за филмска уметност и наука, сепак, гласаше во корист на филмовите на „Нетфликс“, повикувајќи се на правилото број 2, што им дозволува флексибилност на Оскарите. Правилото вели дека еден филм може да биде номиниран ако играл повеќе од една недела во кино во Лос Анџелес, што „Нетфликс“ лани го направи со својот најголем хит досега, „Рома“.

„Ние го поддржуваме кино прикажувањето како дел од уметноста на филмот и ова беше главно во нашите дискусии“, изјави претседателот на Академијата, Џон Бејли.

Се очекува „Нетфликс“ да биде силен играч и во новата сезона, особено со новиот гангстерски филм на Мартин Скорсезе, „Ирец“.

Советот во исто време го смени називот на категоријата најдобар странски филм, која отсега ќе биде најдобар интернационален филм. Деведесет и второто доделување на Оскарите е закажано на 9 февруари 2020.