„НЕТФЛИКС“ ЌЕ ГО СНИМА СВОЈОТ НАЈСКАП ФИЛМ ДОСЕГА, СО КРИС ЕВАНС И РАЈАН ГОСЛИНГ ВО ГЛАВНИ УЛОГИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Рајан Гослинг и Крис Еванс ќе глумат во нов трилер на „Нетфликс“, што ќе биде негов најскап оригинален филм досега. Станува збор за адаптација на романот на Марк Грини, „The Gray Man“, што холивудските медиуми го опишуваат како „почеток на нова франшиза во стилот на Џејмс Бонд, која би се базирала врз ликот на Гослинг“.

Според „Дедлајн“, проектот има буџет од околу 200 милиони долари и треба да излезе во јануари 2021. Досегашниот најскап филм на „Нетфликс“ беше  „6 Underground“ од 2019 со Рајан Рејнолдс, кој чинеше 150 милиони долари.

Браќата Ентони и Џо Русо, кои се прославија со серијалот „Одмаздници“, ќе го режираат и продуцираат филмот.